Германски пратеник: Поткупувањето пратеници не е никакво решение

Власта и опозицијата да се сконцентрираат на барање решение со кое ќе се овозможи продолжување на процесот на имплементација на Договорот со Грција, наместо да се оди на предвремени избори, порача претставникот на Бундестагот од партијата на Ангела Меркел, Торстен Фрај.

Тој истакна дека Владата и опозицијата треба што поскоро да најдат политичко заедничко решение, но не со купување пратеници.

„Не се работи за тоа поединечни пратеници да се поткупат, туку се работи за тоа да се постигне најдоброто за државата. Од мое гледиште сметам дека Владата и опозицијата треба заеднички да најдат добро решение за добро на државата“, порача Фрај.

Тој додаде дека има разбирање за тоа што во Македонија на луѓето им е тешко во однос на Спогодбата со Грција, но истакна дека нејзиното прифаќање е единствен пат за инеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО.