Не е јасно дали државата или компаниијата ќе продолжи да исплаќа плати доколку вработенуиот отсуствува од работно место, доколку компанијата му понуди на членот на семесјството флексибилно и поволно за семејството работно врерме или работа во смени,изјави Петрик Мартенс од делегацијата на германското стопанство во земјава.

Вчера министерот за здравство Венко Филипче објави дека поради коронавирусот на родителите на деца под 10 години ќе им се овозможи да останат дома во наредните две недели кога и училиштата се затворени и дека за тој период ќе земаат цел износ на плата.

Но од германскаста делегација велат:

„Отворено е и прашањето во врска со заканата за преземање казнени мерки поради непочитување на мерките кое треба да се разгледа и од аспект на егзистенција на компаниите“, пренесува А1.ОН.

Во Македонија работат околу 200 фирми со германски капитал, во кои се вработени над 20 илјади луѓе. Германија и Македонија во 2017 година оствариле трговска размена од 3,15 милијарди евра, објави Дојче веле.

SHARE