…Еве, не сум експерт за екологија, не сум ни популист (се надевам), но како обичен граѓанин, имам право да ми се одговори на најмалку три лаички прашања,“ пишува новинарот Бранко Героски.

Прво. Зошто тој „безопасен“ отпад, за кој Макрадули тврди дека и самите треба да го произведуваме, ни стасува како увоз, зошто земјите извознички не си го горат дома и не ги користат бенефитите од таа „акција базирана на наука“?

Второ. Како да веруваме дека сево ова со „безопасниов“ отпад е под контрола, кога самиот министер за екологија Насер Нуредини признава дека доцниме со имплементација на директивите на ЕУ за индустриските емисии и дека сè уште немаме закон што треба да овозможи поквалитетен мониторинг на тоа што се испушта во воздухот, кои вредности се мерат и за достапноста на тие мерења до јавноста? Како да веруваме, кога и самата Царина признава дека нема стопроцентна контрола на отпадот што се увезува, ниту поседува акредитирана лабораторија за тоа?

И трето. Ако држи сета оваа аргументација на Макрадули, зошто СДСМ се обидува итно да го стивне протестот, со ветување дека ќе застане зад законот за забрана на увоз, што го бараат „популистиве“ што протестираат? Што е ова, другари РДФ, ако не страв од изборите, пуштање низ вода на еден фален партиски кадар и врвен популизам?

Или само обично фолирање?

SHARE