Героски: Демократија не се брани со ФБ статус на Забрчанец. Доста глупирање!

„И сега, претпоставувам, кога Акциската група ќе презема активности за “одбрана на демократијата”, како дефиниција на тоа што е “напад врз демократијата” ќе го користи овој ФБ статус на Забрчанец.

Дечки, кој ве учи вака? Вака ли се градат демократски институции и практики?, реагира новинарот Бранко Героски на ФБ статусот на Марјан Забрчанец, советник на премиерот Зоран Заев кој на социјалните мрежи напиша како тој замислува да ја „брани демократијата“ од лажните вести.

„Организираните напади врз демократијата бараат организирана одбрана на демократијата која е можна само преку алармираност и посветеност на што е можно повеќе општествени капацитети кои се грижат за јавниот интерес“-напиша Забрчанец.на ФБ.

Забрчанец веројатно не знае, пишува Героски, но во нашиот правен поредок, со неколку закони веќе е ограничена слободата на јавно изразување – Кривичниот законик тоа го прави во неколку кривични дела (говор на омраза, на пример, е едно од нив), клеветењето и навредувањето е санкционирано со граѓански закон итн.

Никој нема право да ја ограничува слободата на изразување на поинаков начин освен со закон.(…)

Героски им препорачува на Забрчанец „и на неговиот шеф, премиерот Зоран Заев, да си ангажираат сериозен правен ескперт да им ја објасни праксата на Европскиот суд за човекови права, кој суди врз основа на конвенција чиј потписник е и Македонија.
Па потоа, ако инистираат на оваа глупава флоскула, некаде, во некој закон, да го опишат делото “напад врз демократијата” и да го санкционираат“

Доста глупирање!-пишува Героски.

SHARE