Героски до Богоевски: Се обрука пред сите што гласаа за тебе – Срам да ти е

Уредникот на весникот Слободен Печат Бранко Героски со реакција на информацијата дека пратеникот Павле Богоевски се пријавил себе си и уште едно лице во полиција за скандалот „Кокаин за Богоевски“.

Героски вели дека Богоевски ги изневерил сите што гласале за него , дека треба да се срами и дека веќе признал извршено кривично дело.

Во продолжение целиот статус на Героски упатен до Богоевски:

А не, не со тие куршуми, другар Павле…

Ти самиот јавно призна дека нелегално си набавил психотропна супстанца, масло од канабис. Не со рецепт, не во аптека. Тоа не е дозволено и од тебе се очекува да го кажеш името на трговецот. Најмалку тоа.

За политичката одгововорност не сакам ни да те потсетувам – во земја која ја легализираше медицинската употреба на канабисот, човек што носи голема општествена одговрност како пратеник избран од народот, знае што треба да стори. Уште вечерва. Без одлагање.

Што се однесува до снимањето, точно е дека тој што те снимал сторил кривично дело и дека нелегално прибавената снимка не може да биде доказ во некоја идна кривична постапка. Но, твоето јавно признание е легален доказ. На полицијата и на обвинителот им отвори работа.

Какви и да ти биле намерите (најблагордни дури нека биле), се обрука, другар Павле. Пред сите што гласаа за тебе и за листата на која беше избран. Срам да ти е!

SHARE