По вчерашната прес-конференција, на која Ден Дончев одговораше на наодите од кривичната пријава на скопјанката Вера Иванова, дека ја злоупотребил службената положба и овластувања, за да ја спречи продажбата на компанијата ПЗУ „Диамед“, на шведската компанија, новинарот Бранко Героски му поставува низа прашања на директорот на Фондот за здравство.

Героски кој прв пишуваше за „скандалот“ кој во некои медиуми беше наречен „Рекет 2“, во колумна за „Плусинфо“ вели:

„Ако сте биле сигурни во штетноста на концесискиот договор, сте биле должни веднаш да го раскинете, да се судите во Париз и да го добиете спорот. Но, на вас за наводната штетност на концесискиот договор ви текнало тогаш кога дошле Швеѓаните со торбата пари, решени да ја купат фирмата на Вера Иванова. Па не е ли тоа малку чудно? Малку многу…

Протѕив директорот на Фондот з здравство, Ден Дончев кривичната пријава подмнесе од Вера Иванова, поранешна сопственичка на „Диамед“ дека тој и министерот Венко Филипче ја оневозможувале продажбата на „Диамед“ на шведската „Диаверум“ со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата.

Дончев, на вчерашната прес конференција ги отфрли таквите наводи.