Героски до власта: Мрш таму лицемери едни – нема да ме замолчите

Новинарот Бранко Героски вели дека од весникот Слободен Печат се повлекол под силен притисок но дека и покрај тоа што самиот ја проголтал горчината на “едно предавство” тој повторно е мета на напади и закани од власта или од луѓе блиски на власта.

“Во инбокс, во лични пораки што ми ги пренесуваат пријатели и познаници и на разни други начини, ми стасуваат опомени и закани.
Премногу сум ја критикувал власта. Сум претерал. Та нели сме биле наши…
Па еве, да одговорам јавно, како што имам обичај.

Марш бре, таму, лицемери едни!!!

Под силен притисок, дадов оставка од позицијата главен уредник и целосно се повлеков од „Слободен печат“. Никого не навредив, никого не повредив, самиот ја проголтав горчината на едно предавство. Како отров.

Го оставив весникот, чедото што се роди во мојата глава и во моето срце…

Што кур сакате сега, абдали едни?! Сакате два пати да ви поднесам оставка?

Перото не ви го давам, на тоа да не се надевате!

Нема да ме замолчите”, пишува Героски откако преку познаници добил закани од луѓе блиски на власта.

SHARE