Героски до Заев: И партизаните ли се бореле за Северна Македонија?

Новинарот Бранко Героски го подучува премиерот Зоран Заев кога, од кога и во кои прилики треба да се користи новото име на државата.

„Друже Заев, ајде убаво да си се договориме, за да не бидеме смешни пред себе и пред светот.

Нашата земја официјално се вика Република Северна Македонија од денот на изгласувањето на уставните промени.

Ти, друже Заев, беше избран за претседател на Владата на Република Македонија и потоа стана претседател на Владата на Република Северна Македонија. Сите други премиери и претседатели пред тебе биле функционери на Република Македонија.

Да се каже дека Борис Трајковски има било каква врска со името Северна Македонија е исто како да се каже дека партизаните се бореле за слободата на Република Северна Македонија. А и комитите и илинденците, богами“ пишува Героски во колумна за +Инфо.

SHARE

10 Коментари

  1. Ај ќе Ве молам, да не ни го пренесувате овој шарен куртон што мудрости кажал, он е еден обичен платеник на инсталираната власт

  2. Ако се оди по таа логика, СПОРЕД ОФИЦИЈАЛНОТО именување, премиерите и претседателите пред државата официјално да се именува Република Северна Македонија, НЕ БИЛЕ функционери на Република Македонија (како што вели Геровски) туку функционери на ФИРОМ, затоа што државата официјално се именувала како ФИРОМ (официјално име во ОН). Партизаните се бореле за Вардарска бановина (како што ОФИЦИЈАЛНО се нарекувал овој дел од тогашна Југославија), а комитите – во Румелија (официјалното име на оваа територија како дел од Турција, било Румелија).

  3. ЗАЕВ ИЗВРШИ ПРОСТИТУЦИЈАТА СО НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ!

    • Заев ги реши проблемите со соседите. Заев ја внесе Македонија во НАТО, со нас како Македонци, со нашиот јазик како македонски јазик, со нашата историја, обичаи, култура како Македонци (народ кој припаѓа на Јужнословенските народи). Тоа не е „проституција со националниот идентитет“, туку афирмирање и зацврстување на нашиот национален идентитет и сигурноста и стабилноста на нашата држава. Сега останува вие глупавите и слепците да го разберете и да го видете тоа.

      • Наравоучение за СДСМ, павлиња и мукиња: невиноста еднаш се губи. Се потоа е секс. После Муковски, нема Крстење.

        Арсим Зеколи,

        Екс амбасадор и аналитичар

      • “ЗАЈАКНАТ идентитет”, ова го тврди и твојот тнр. ген. Ангелов, таков НЕ Е ИСТ ID , туку по-МОДЕРЕН. Еден, беден, нас ни треба НАШ , а не ЗАЈАКНАТ идентитет, и то НЕ е ИСТ со наш. ИМЕТО го ПРОДАДОВМЕ за НАТО, како што проститутка си ја продава ТЕЛО! Ти еден си ПРОСТИТУТКА!

  4. Abe Gerovski i ostanati kako tebe, tolku ste plateni i preplateni da ne mozete da kazete kolku e glup Zaev. Tuku glumite ludilo celo vreme. I sami znaete deka e nenacitan i podprosečno inteligenten..deka e sram za site. Ama toa ti e. Kutri vie site.

Comments are closed.