Героски: Глупо како ноќ е приватна употреба на “Северна”, никој не бара толку “посеверчување”

Новинарот Бранко Героски е вознемирен од употребата на зборот Северна заедно со името Македонија од страна на граѓани таму каде што не мора.

Според него Северна мора да се употребува само службено но не и приватно.

“Република С. Македонија” е службено име на нашата земја. Име за државата, за владата, за институциите итн. Надвор од тоа службено својство, ние граѓаните немаме обврска Македонија да ја нарекуваме Северна”, смета Героски според кого ниту Договорот од Преспа тоа го налага, ниту Грците бараат толку да се “посеверчуваме” по секоја цена и во секоја прилика.

“Ова е глупо ко ноќ”, порачува Героски додека премиерот Заев, негов советник за медиуми и портпаролот на неговата партија уживаат во приватна употреба на Северна во секоја прилика.

SHARE