Героски го откри планот за спас на Заев: Пропагандисти ќе “черечат” критичари на власта

Новинарот Бранко Героски открива како планира власта да се справи со своите критичари меѓу новинарите, адвокатите и други јавни личности.

Тој има информации дека пропагандната машинерија на власта ќе започне со обиди за јавно дискредитирање на критичарите преку објавување на информации за нив. На листата е и самиот Героски кој вели дека и досега бил черечен од пиарџиите на СДСМ а предходно и од владата на Груевски.

“Дел од таа пропагандна акција, како што слушам, ќе биде обидот за континуирана дифамација и за систематско поткопување на кредибилитетот на личности од јавниот живот, за кои се смета дека со своите критики за владата на Заев придонесуваат за драстичниот пад на нејзината популарност. При тоа ќе се злоупотребат сите возможни ресурси – провладини медиуми, организирани ботови на социјалните мрежи, дури и пропаганда во интерперсоналната комуникација.

Предупреден сум дека меѓу првите имиња на листата за атак е моето. Право да ви кажам, Би ме изненадило да е поинаку. И досега бев мета на секојдневни напади од медиумите блиски до Заев. Исто како што порано ме черечеа медиумите блиски до Груевски. Но, било оценето дека досегашните обиди за моја диксредитација, со секојдневно пласирање лажни вести, клевети, навреди и спинови за мене, од страна на неколку скапо платени парапортали предводени од луѓе со скромни професионални и интелектуални капацитети, не дале резултат. Затоа, ангажирана е „тешка артилерија“, која нападите ќе ги води осмислено, координирано и брутално.

Пикот на бруталноста ќе биде кога врз мене ќе атакуваат мои доскорешни лични пријатели и соработници.

Како најава, денеска е објавена првата таква порака на Фејсбук, една неинтелигентна навреда и еден класичен говор на омраза од тажен и осамен човек опседнат со смртта, порака од нашиот локален робот Норман (направен од американските научници по урнек на Норман Бејтс од филмот „Психо“, кој гледа смрт во сѐ што ќе погледне)”, пишува Героски во плусинфо.мк.

Целиот текст на линкот на плусинфо.мк

SHARE