Новинарот Бранко Героски, кој во серијалот за „рекетарската банда“ која уценувала и изнудувала глеми пари, најави дека во понеделник ќе објави кои се вистинските Кики и Фрики од неговите „приказни„“ ги повика да одат на „бацирака“ кај Заев и во ЈО.

Тој ги повика високопозиционираните во СДСМ да се исповедат пред лидерот Зоран Заев, но и пред надлежниот Обвинител.

Героски се уште не ги објавува имињата но наговестува дека „Фрики е госпоѓа, висок функционер и во невладината организација на Коки, која служела за формално покривање на милионскиот рекет. Самиот тој факт ја прави госпоѓата објективно одговорна за овие злодела“

За Кики, вели дека е „висок функционер во СДСМ. Самиот Коки, во последното интервју на својот медиум, го нарекол ‘добар пријател’ или ‘другар’“.

Извор: Плусинфо

SHARE