Героски: Кој тоа таму лаже?

Новинарот Бранко Героски ја предупредува обвинителката Вилма Рускоска да биде „внимателна“ при откривање на фамозните 750.000 евра за кои три лица даваат три различни изјави:

„Мицевски вели дека парите не ги платил како авторски хонорар, туку на сметката на Меѓународен сојуз. Хмммм…

Бабата на чија сметка биле уплатени парите сведочеше дека ги подигнала и дека потоа некоја жена и ги зела.

Арафат Муареми од Финансиската полиција јавно изјави дека порано ја испитувале трансакцијата на сметката на бабата, но дека не нашле ништо сомнително“ вели Героски и додава:

„Имам впечаток дека некој овде опасно лаже, а можеби и фејкува документација. Се надевам дека обвинителката Русковска е внимателна. Зашто, станува збор за 750.000 евра, за кои се уште не се знае кај се“, напиша на Фејсбук Героски.

Мицевски вели дека парите не ги платил како авторски хонорар, туку на сметката на Меѓународен сојуз. Хмммм… Бабата на…

Posted by Branko Geroski on Monday, September 2, 2019
SHARE