Героски: Линч во притвор немаше ни во времето на Груевски

„Ваков срам, каков што не можеше да се замисли дури ни за време на најцрниот режим на Никола Груевски – линч во притвор!

Повторувам, ова го немаше ни во казаматите на груевизмот, притвореници да бидат физички линчувани. А токму тоа денеска им се случило на Миле Јанакиески и на Спиро Ристовски, кои од вчера се во затворот во Шутка, откако им беше одреден 30-дневен притвор во врска со настаните од 27 април. Јанакиески бил пренесен во болница.

Затворските власти, наместо да обезбедат елементарни предуслови за безбеден престој во оваа установа, денеска ја забавува јавноста со соопштение во кое ги „открија“ резултатите од својата „истрага“ за тоа кој бил виновен за инцидентот (нормално, утврдено е дека кавгата наводно ја предизвикал Јанакиески), нападнатите лица се уверуваат дека „ќе бидат понатаму згрижени и заштитени без опасност по нив, согласно процедурите на установата“, а јавноста се повикува „да се следат официјалните информации и да не се подлегнува на шпекулации“.

Молам?! Каква застрашувачка дрскост, неодговорност и бесчувствителност кон жртвите!

Извор : Слободен печат

SHARE