Героски: Ми личи дека Спасовски се зеза со Пендаровски

Одговарајќи на критики дека во неговиот портал Плусинфо објавува информации кои не се веродостојни а се во врска пријавата на Пендаровски дека го следи тајна служба, Бранко Героски вели дека целата ситуација наликува на шега упатена од министерот за полиција Спасовски кон Пендаровски.

За Героски смешно е и глупаво барањето на МВР ваква работа да се пријави во полициската писарница.

“Имаме изјава од МВР Стево да пријави во полиција. Тоа е смешно и глупаво. Кога претседателски кандидат пријавува дека е следен од разузнавачка служба, не се оди во Прва полициска да се пополни записник. Безбедносната структура на земјата – ако ја има, де – дејствува поинаку. Ова мене ми личи дека Оливер малку се зеза со Стевота”, пишува Героски во јавна дебата на Фејсбук на оваа тема.

Оливер Спасовски беше еден од најсериозните кандидати за претседател на државата додека ДУИ и Заев не решија Пендаровски да се спротивстави на Силјановска.

SHARE