Новинарот Бранко Героски ѝ одговара на Министерската за обрана Радмила Шекеринска откако, како што вели, „некои портали и ботови на социјалните мрежи веднаш дешифрираа дека Шеќеринска мисли на мене и дека вака возвраќа на моите наводи дека ликови од опкружувањето на осомничениот Бојан Јовановски биле во пријателски релации со неа“.

Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања околу аферата „Рекет“ која ја загатна Героски, денеска рече дека ниту како член на Владата, ниту како министер за одбрана, не фаворизирала некого, ниту потпишувала некои договори кои сега би излегувале во јавност.

„Никој од нас нема што да скрие, меѓутоа од друга страна инсинуациите поткрепени на „рекла казала“ навистина не се корисни.

Инаку и јас би можела да излезам и да кажам дека пријателот на пријателот на еден ваш колега денеска е избеган во Будимпешта, дали тоа значи дека вашиот колега е виновен за неговото бегство“?-речеминистерката за одбрана. 

Одговорот на Героски на следниот ЛИНК

SHARE