Героски најави имиња на лицата вплеткани во „Рекет

„Како е смислена шемата за извлекување пари за наводните проекти на Бојан Јовановски, преку авторски хонорари и директни исплати? Кои се лицата замешани или злоупотребени во оваа шема? Каков е нивниот политички бекграунд?

Читајте, овој пат без псевдоними, туку со имиња и презимиња! Со документи“, напиша на својот Фејсбук профил новинарот Бранко Героски и најави дека тоа ќе биде објавено вечерва во 19 часот на „Плусинфо“.

Героски , пред откривање на скандалот „Рекет“ објавуваше серијал за „рекетарската банда“ која уценувала и изнудувала паруи од бизнисмени, а наместио имињата на инвоплвираните, за кој јавноста претпоставуваше кои се ги употребуваше прекјарите, Коки, Кики, Фрики, Лики, …

Героски бараше и средба со премиерот Заев за овој скандал и најави, доколку нема сериозна разврска, нови текстови во август за истиот случај, проширен и со нови ликови.

SHARE