Новинарот Бранко Героски за денес во 15 часот најавува интересно „четиво“ на порталот „Плусинфо“ во кое, според најавата, ќе постави и ќе даде одговор на повеќе прфашања кои ги најави синоќа на неговиот Фејсбук профил:

„Зошто премиерот Заев врши јавен притисок врз истрагата за случајот „Рекет 2“? Зошто го прејудицира нејзиниот исход?
Што изјавила заинтересирана странка во Јавното обвинителство?

Дали е исплаќан редовен месечен рекет, затоа што сопственикот на „Диамед“ добивал закани дека ќе му се случи „црно сценарио“?
Кој е посредникот, „човекот со брада“?

Дали бранејќи го Ден Дончев, како што своевремено ја бранеше Катица Јанева за аферата „Рекет“, Заев повторно е во офсајд?- напиша Героски на Фејсбук.

SHARE