Героски: Не ја силувајте правдата

„…До аферата „Рекет“, сите ние можевме да поверуваме во јавно декларираната љубов на раководството на СДСМ во правдата. Сега, кога гледаме како власта се обидува да се менаџира себеси во корелација со аферата, веќе не сме убедени во искреноста на таа декларација.

Но, дури и да се водиме од претпоставката дека СДСМ и Владата се безгранично и безнадежно заљубени во правдата, до степен што се спремни за неа буквално да сторат сѐ, една работа сепак не смеат да си дозволат – во името на правдољубивоста, не смеат да ја силуваат“- пишува новинарот Бранко Героски во колумна за „Плусинфо“.

Героски вели дека намерата новите обвинители што ќе ги определи ЈО да ги преземат предметите на СЈО на начин што ќе продолжат таму каде што застанале нивните претходници ќе значи токму тоа, грубо силување на правдата.

„Јас разбирам предметите да се земат, привремено да се „замрзнат“, сѐ до изнаоѓање на правни решенија како тие да продолжат, во новиот закон за Јавното обвинителство за кој се преговара.

Но, да се продолжи „автоматски“ и „експресно“, едноставно, не бидува“.