Героски открива бизнис -политичко – медиумски рекет

Уредникот на порталот Плусинфо.мк кој неодамна се повлече од уредничка позиција од весникот Слободен Печат поради притисоци открива приказна за рекет, уцени и притисок во која се инволвирани бизнисмени, газда на медиум, уредник и политичари.

Иако Бранко Героски не открива детали за луѓето, фирмите и локациите со цел да се заштити од тужба за клевета, и обичен смртник може да ги препознае актерите во скандалот.

Она што за Героски може да биде проблем е можноста Јавното обвинителство по службена должност и по допрен глас за сериозен криминал да покрене истрага за наводите кои ги дава уредникот на плусинфо.мк.

Иако во македонскиот устав тајноста на изворите на информации е загарантирана, Героски во судската пракса може да му биде наложено да открие повеќе детали и кој му раскажал или во спротивно тој да биде гонет за пласирање вакви информации.

Иако приказната на Героски е навистина добро позната и сите знаат кој е медиумот, газдата и уредникот за кои зборува тој, досега Обвинителството не реагирало за шпекулациите кои се слушаат веќе една година.

Текстот на Героски во кој тој прв пат полујавно проговорува за рекетот и уцените на медиумско-партиско-бизнис шема на овој линк

SHARE