Героски: Побрзајте со „Рекет“, перачите на пари да не побегнат

Новинарот Бранко Героски бара истрагата за случајот „Рекет“ да побрза и да се внимава, зашто, главните соработници на Боки 13-ка во перењето пари, според него можат да избегаат. 

Тој се надева дека истрагата ќе биде побрза од него зашто во вторник ќе излезе со имиња

„Пензионерката Лилјана Тодоровска за Телма го даде клучниот исказ за тоа како се испрани парите од градежните фирми ‘Пелистер’ и од ‘Дрим билдинг’.

Но, Лилјана Тодоровска не е перачот, туку луѓето кои биле со неа и кои веднаш и ги зеле парите. Очекувам Тодоровска итно да ги соопшти нивните имиња, за да ја намали или дури и да ја оттргне вината од себе.

Според моите сознанија, Фросина Ременски, исто така ги знае овие лица и ја знае шемата. Бидејќи таа најави дека ќе соработува со истрагата, очекувам отворено да ги каже овие работи.

Кој мисли да избега од фактите, гадно се зезнал!

Ќе почекам до понеделник, а потоа во вторник ќе ги соопштам клучните луѓе од Меѓународен сојуз кои учествувале во операцијата на перење пари. Се надевам дека истрагата ги следи и дека нема да им дозволи да избегаат од земјата, бидејќи, како што слушам, лицето кое е најважен соработник на Боки 13 веќе чистела документи од неговата канцеларија“, пишува Героски на фејсбук.

SHARE