Новинарот Бранко Героски, кој прв предупреди на „рекетарската банда“ која уценува и изнудува големи пари во неговиот серијал за Коки, Кики, Фрики, Лики… деновиве, како што вели, добива многу навреди и клевети, но и прашања во врска со аферата „Рекет“ .

„Сė што знам и дознавам во врска со аферата “Рекет” го споделувам со моите читатели. Така било до сега, така ќе биде и во иднина. Го правам тоа не за “лична корист” или да се правам важен – никој за тоа не ми платил ни денар, а слава новинарска, фала богу, не ми недостасува – туку поради мојата обврска кон јавноста. Таа, јавноста, има право да знае. Моите извори ми веруваат. Затоа, чувствувам обврска да пишувам. А органите на прогонот можат да читаат и да реагираат по допрен глас“ пишува Героски неговиот фејсбук статус :

SHARE