Героски: Сериозно ги сфаќам нападите врз мене (ВИДЕО)

Новинарот и уредник на „Плусинфо“ во интервју за ТВ „Алфа“ синоќа изјави дека е шокирачката и дискриминирачка изјава на премиерот Зоран Заев .

„Да бидам искрен вознемирен и шокиран сум на некој начин од изјавата на премиерот Заев“ вели Героски.

„Не очекував од човек кој декларативно се бори за демократија, различности, изразување да дојде до ваква срамна, трагична и дискриминирачка изјава, просто во налетот на првите емоции прво мислев дека добро не ја сфатив изјавата, нема никакви дилеми изјавата поттикнува на агресија, секој може да види на мојот Фејсбук профил и каква лавина од агресија таму се истура, тоа дефинитивно ме вознемирува мене и моето семејство, дали со мојата секојдневна работа како новинар го предизвикала Заев да даде ваква стравична изјава се уште не знам“.

Героски вели дека е срамно и тажно од устата на премиерот Заев да дојде една ваква изјава и ќе поттикне вербална агресија за да биде тој обвинет дека работи на рушење на владата на сметка на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа просто е лудачка изјава“, вели Героски и додава дека пријавувал во полиција, но ништо од тоа не се случуваше. Сериозно ги сфаќам сите напади врз мене, срамота е што Заев поттикна ваква лавина, вели тој.