„!Во клучните мигови на одлука за датумот за преговори, кога не се знае дали ќе нѐ биде или не, нашата влада испраќа порака до европските лидери дека во овој момент, за нас, лекот за пропаднатиот бизнис со канабисот е ‘европски’ приоритет број еден!

Другарчиња, глупи ли сте природно или некој ве заебава?- пишува новинарот Бранко Героски по информациите, како што вели, дека синоќа во Собранието од Владата стасал нов предлог-закон.

„И тоа не било каков, туку – со европско знаменце!

А еве што било итното. Насловот на документот е Предлог-закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци! Владини претставници што ќе го бранат законот се министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Асим Муса. Овој вториов е оној фраерот со поткупот, што поднесе оставка. Јака одбрана! Сицилијанска…“, пишува Героски во колумна за „Плусинфо“.