Героски: Власта во паника од приказните за Коки, Кики, Фрики …

„Еден истражен орган на Република Македонија прв пат сериозно се занимава со активностите на Коки во нашата земја некаде во периодот од 2014 до 2016 година.

Во тие последни години на режимот на Груевски, Скопје добива дојава од една меѓународна организација која се бори против криминалот и корупцијата, а особено против белосветските перачи на пари, за сомневање дека еден овдешен ботоксиран тип, кој често патува на релација Север – Југ (тогаш Македонија сѐ уште е југ, нели), се занимава не само со шверц на брендирана гардероба, туку пренесува и торби кеш преку границата, во двете насоки“ пишува новинарот Бранко Героски во денешното 4-то продолжение од серијалот (кој „државниот врв“ внимателно го следи, како што вели) за фиктивните Коки, Кики Фрики зад кои се кријат ликови од многу сериозна рекетарската дружина „која сее страв и трепет“ низ Македонија.

„Нашиот орган – продолжува Героски – задолжен да истражува случаи на перење пари, според моите сознанија, прилично совесно и детално ги испитал активностите на Коки и ги потврдил сомневањата дека парите доаѓаат од негов пријател од една поранешна југословенска република, но потекнуваат од далечна земја надвор од Европа. Тие сознанија се совпаѓаат со сомневањата на меѓународната организација што ја иницира истрагата.ѝ

Во тој период, токму Коки е главен актер на неколку измами на наивни и невини граѓани. Во тие измами, тој соработува со познати ликови од тогашниот џет-сет. Верувајте, навистина станува збор за епски измами, понекогаш и за крајно комични случаи, па можеби со нив ќе ве забавувам во некое од наредните продолженија на серијалов.

Како и да е, моите извори велат дека по падот на Груевски, драстично се менува и односот на новата власт кон екстравагантниот Коки – наодите од истрагите се ставаат во фиока, а тој одеднаш се појавува на нашата сцена како голем хуманитарец и медиумски газда во најава. Новата власт со него веднаш остварува блиска соработка, по разни основи“.

Колумната на Героски на следниот ЛИНК

SHARE