Героски за будалетинката преку која се испраќа сигнал за забрана на се македонско

Во својата најнова колумна на Плусинфо.мк новинарот Бранко Героски преку ликот кој го нарекува “Будалетинка” открива дека на Македонија и се случува операција во која некој би сакал да забрани сѐ што е македонско.

“Така, во еден пост, авторот им раскажува на своите фанови за една одлука на „Лос Ангелес Тајмс“ од 1994 година, со која тој медиум забранува за употреба една поголема група погрдни изрази, кои се идентификуваат со политички некоректен говор и и со она што денес се нарекува говор на омраза (станува збор за зборови како хендикепиран, инвалид, распуштеница итн). Нашиот „генијален“ мислител, инспириран од оваа саморегулаторна постапка на американскиот медиум, предлага листата на забранети изрази кај нас да се прошири со следните зборови и фрази. Цитирам: „Идентитет, национални интереси, национална историја, културно наследство, македонска академија (за што било), македонско радио, македонска телевизија, македонска наука, македонски спорт, македонска репрезентација, автентична македонска историја, мојот народ, партијата секогаш ќе биде со својот народ, вмро, вмро-дпмне, умирање за татковината, татковината“.
Образложение на цензорот. Цитирам: „Затоа што се манипулативни изрази без реална содржина, односно како комбинација ги компромитираат нормалните човечки активности и научните и техничко-технолошки дострели на хомо сапиенсот“. И уште еден предлог на дрвениот „филозоф“: „Се разбира и тука ќе треба да се формира некоја комисија која ќе ги сумира идеите што во оваа насока ги имаат другите луѓе, па да направиме едно прочистување на јазикот и култивирање на јавниот дискурс“. Замислете!”, пишува Героски кој е уверен дека не се работи за само уште еден вербален инцидент, чие финале треба да биде една голема чуденка, згрозување или евентуално реторско прашање каков е тој човек кој сака во Македонија да се забрани да се пишува и да се зборува за идентитет, за национална историја, за културно наследство, за татковина итн.

“Не, прашањето каков е тој човек е апсолутно небитно, а и не е реторско. Сјебан човек, нормално, што има тука да се објаснува? Тоа што јас своевремено направив крупен превид во проценката на неговата елементарна човечка способност да се воздржи од потребата во своите колумни да го преточи најлошото од себе и што во име на мојот отпор кон цензурата имам објавено најмалку дузина негови тешки говнарии од писанија (да се послужам малку се неговиот „филозофски речник“), тоа е мој проблем, моја вина, а не важно општествено прашање”, пишува Героски.

Во продолжение Героски ја коментира мислата на провладината “Будалетинка” според која македонскиот идентитет и македонскиот јазик се „усрани“?!

“Вистинското прашање е каква е оваа држава, во која на ваков дрзок начин се заговара брутална цензура каква што немало ни во времето на едноумието, а при тоа отсуствува силна реакција на нашите слободоумни автори и мислители, на луѓето од перо и на либералните политичари? Камо некој да се огласи против овој жесток антимакедонизам, против обидот јавно да се забранат патриотизмот и љубовта кон татковината, против идејата од јавниот дискурс да се изгонат македонскиот национален идентитет и нашата самобитност, против дрскоста со која авторот зборува за „усраноста за македонскиот идентитет и јазик“? Ова последново, да нагласам, е објавено во неговата колумна, објавена на порталот чија политичка ориентација, случајно или не, речиси целосно се совпаѓа со политиката на владејачкиот СДСМ.

Другарки и другари, дали и вие сте убедени дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик се „усрани“?!

Не, овде некој друг ќе да е усран!

Идејата за „професионална рехабилитација“ на македонското новинарство, што би ја спровеле пропагандисти кои мојот јазик го сметаат за „усран“ и кои ќе ми забранат да ги употребувам зборовите „идентитет“, „татковина“ и другите од листата на „филозофот“, е политички атентат врз слободната мисла. Тоа што атентаторот е недоветен не ја прави неговата идеја безопасна. Напротив. Патем речено, неговиот проект оди рака под рака со голем дел од најавените институционални активности за божемна „борба против лажните вести“ и „медиумско описменување“. Тоа се гледа од авион!

Сето тоа заедно е еден гнасен обид за воведување цензура”, заклучува Героски во колумната.

Целата колумна на плусинфо.мк

Не се знае ни кој пие ни кој јаде, но се знае кој и кому плаќа

Враќањето на претставници од НАТО открива неред во македонските тајни служби