(…)

„Имам впечаток дека во СДСМ владее не само погубната лузерска логика „и да не победиме, ние ќе правиме влада“, туку и еден очигледен страв од изборното соочување“ пишува новинарот Бранко Героски во колумна за Плусинфо.

„Е сега, да сум озлобен повеќе одошто сум, би потсетил и би преобјавил некои свои стари колумни, во кои укажував дека овие избори не се потребни, дека е потребно нешто сосема друго. Ама, тоа важеше тогаш.

Сега, кога изборите се закажани, кога зборот е даден, оваа прпа пред натпреварот само ги демотивира избирачите на владејачката партија.

Затоа мислам дека ако Заев самиот не одлучил да го уценува ВМРО-ДПМНЕ со нераспишување на изборите (моја претпоставка е дека тоа сепак не е негова автономна одлука), тогаш решил да ги послуша своите врли советници, кои од земја го акнаа во текот на овие три години и планираат уште еднаш да го акнат.

Како и да е, резилот ќе биде негов ако уцвика. Стравот пред избори е многу, многу лош сојузник.

Од колумната на Бранко Героски за „Плусинфо“