Героски: Заев, кажи сега Северна, ако смееш!

„Читам на официјалната ФБ страница на Зоран Заев, на пример. “Навиваме за македонската репрезентација”. “Горди сме на нашите # МК ракометари”. Па разни емотикони, меѓу кои доминира македонското знаме. Техничкиот премиер Оливер Спасовски е нешто поумерен, но и тој не отстапува од именката Македонија и од придавката македонски.

Бравос бе другарчиња! Милина една“! – пишува новинарот Бранко Героски во колумна за Плусинфо.

„Но, чекајте, каде ви е Северна? Не е ли ова официјален спортски настан (Европско првенство), на кој нашата репрезентација официјално настапува под името Република Северна Македонија? Што вели за тоа Преспанскиот договор? А?

(…)

Сè е јасно. Нуждата го менува законот, драги мои. А Заев и заевци сега се во голема нужда. Пред избори се. Неизвесни избори. Кој смее сега да зуцне за Северна? Сега дури и “Ја излези Ѓурѓо” и ” Едно име имаме” не им пречат. Ништо што може да им донесе гласови, или, подобро речено, ништо што може да им одземе гласови, сега не им пречи. Се води борба за гол опстанок на власт.

Се разбира, сите ја гледаме таа хипокризија. И ни доаѓа понекогаш да подвикнеме – Заев, кажи сега Северна, ако смееш! Но, тоа би било малициозно. И непотребно. Луѓе, да се радуваме што некои политичари и се вратија на Македонија, макар и на ваков начин. Тоа е голема придобивка за сите нас.

Колумната на Героски на следниот ЛИНК

SHARE