Героски: Западен Балкан во европската Б-лига


„Вучиќ покажува дека не само што не е будала, туку одлично ја владее локалната геополитика. Тој, всушност, го промовира новиот европски план за регионот Западен Балкан“, пишува во денешната колумна новинарот Бранко Героски по усвоената Охридска декларација за таканаречениот „Мал Шенген“ на која потпис ставија премиерите Еди Рама и Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Тој план не е негова измислица. Не, тоа е европски план, договорен меѓу европските лидери Макрон и Меркел, веројатно уште пред ветото со кое францускиот претседател ја спречи намерата на самитот на ЕУ на Македонија и на Албанија да им се даде датум за почеток на преговорите за членство.

И контурите на планот можат да се насетат – се создава европска Б лига, група на држави кои во евроинтеграцискиот процес ќе бидат вклучени според други правила на игра, земји кои во идната архитектура на Унијата сигурно нема да имаат еднакво значење како и другите полоноправни членки (како и Бугарија и Романија, на пример), иако ќе ги уживаат придобивките од својот нов статус, кои нема да бидат беззначајни.

Кутриот наш премиер, Зоран Заев, човекот што се фалеше дека имал „гарантиран“ датум в џебот… Тој во Охрид, смирено и потиштено, ќе изјави дека „верува дека со оваа иницијатива се испраќа многу позитивна порака до земјите членки на ЕУ, дека со зголемување на соработката во регионот со уште подостоинствено внимание треба да се фокусираат овде и да дадат можност за забрзување на процесот на интеграција на целиот регион во Унијата“.

 Бла, бла, бла… Кого уште интересира во што верува „нобеловецот“ Заев, ви се молам – пишува Героски.

SHARE