Порталот ДоказМ објави интересни фоторафии, од кои научив дека мојот омилен ајвар „Мамас“ се продава и во Германија.

Арно ама, на етикетата од задната страна на теглата, пишува дека ајварот „Мамас“ е произведен во Republik Mazedonien. пишува Бранко Героски во денешна колумна за „Плусинфо“.

„Да нема забуна, овој германскиов ајвар на сликава носи датум од 11 јануари 2020 година (тогаш е ставен на рафт во германска продавница), а рокот на траење му е до 2023 година“ пишува героски и вели: .

„Е сега, каде е заебот. На секоја тегла ајвар „Мамас“ што се продава во Македонија, може да се прочита дека ајварот е произведен во „Р. Северна Македонија“.

Значи, Германците јадат ајвар „Мамас“ произведен во Република Македонија, а Македонците јадат ајвар „Мамас“ произведен во Република Северна Македонија!

ЛИНК до колумната на Героски

SHARE