Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај побара од граѓаните и невладините организации да не ја злоупотребуваат ситуацијата со лицата кои се засолнија во Косово по силниот земјотрес што ја погоди минатата недела Албанија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тој ги повика албанските државјани кои не се од областите погодени од земјотресот да не доаѓаат во Косово, затоа што некој ги лаже дека ќе бидат сместени во германскиот камп за обука во Призрен, а дека од таму ќе бидат однесени во Германија.

„Ниеден државјанин на Албанија кој влегува на територијата на Косово нема да остане незгрижен, но не е во ред доаѓањето без критериуми на луѓе од областите кои не се погодени од земјотресот. Некој ги лаже луѓето, ги полни автобусите…“, порача Харадинај.

SHARE