Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека утрешниот самит на европските лидер на  кој треба да се постигне договор за „брегзит“, најверојатно ќе биде откажан доколку не се постигне договор за Гибралтар.

Шпанија во петокот соопшти дека во договорот за напуштањето на Велика Британија на Унијата (брегзит) мора да стои дека Мадрид ќе го има последниот збор за тоа какви ќе бидат односите на ЕУ со Гибралтар, британската прекуморска територија на југот на Пиринејскиот Полуостров.

Гибралтар ќе ја напушти Европската унија заедно со Велика Британија во март, иако 96 отсто од населението на референдумот во 2016 година гласаше да остане во ЕУ.

Шпанија се закани дека ќе се спротивстави на било кој договор за „брегзит доколку не добие гаранции дека ќе има право вето во идните преговори за Гибралтар, британска територија во јужна Шпанија, барајќи независност.

Гибралтар некогашен дел од шпанското кралство, под британска контрола е од 1713 година.