Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван од Отвореното првенство на САД во тенис, откако удри со топче линиска судијка во мечот со Пабло Карењо Буста!

Србинот, кој претходно се пожали на повреда на рамото, беше видливо фрустриран откако го загуби својот сервис за водстрво на Шпанецот од 6-5 во првиот сет.

Тој го удри топчето во нервоза и иако не беше свртен кон погодената судијка, таа два пати се наведна, кашлаше и ѝ беше потребна лекарска помош!

Потоа следуваше долга консултација со главниот судија на турнирот, во која Ѓоковиќ се обидуваше да се оправда пред него и пред судијата на мечот дека не било намерно, но на крајот без поволен епилог за него.

Во Правилникот на ИТФ за гренслем-турнирите пишува: „Играчите во ниту еден момент не смеат физички да нападнат службено лице, противникот, навивач или другои лице во рамките на турнирската арена“.

SHARE