Ѓоковиќ: Охрид морам да го видам (ВИДЕО)

Одговарајќи на новинарско прашање, на вчерашната прес-конференцијата по триумот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ рече дека ја видел поканата од македонскиот премиер Зоран Заев да ја посети Македонија.

„Ја видов поканата и го прифаќам повикот, но не знам кога тоа ќе се случи, но сигурно ќе дојдам во Македонија бидејќи Охрид морам да го видам”, рече Ѓоковиќ.

Сепак, тој не беше сигурен дали ќе слави по победата над Федерер и дали пак ќе запее некоја македонска песна.

„Многу поздрави до Македонија, до Скопје! Ви благодарам многу. Не ми е тука кумот Невен, тој беше соучесник на таа забава, кога пеевме после победата против Хуркач.

Ќе видиме какво ќе биде расположението, сега е веќе доцна, децата ќе спијат. Веројатно жена ми и јас ќе запееме некоја балада”, рече Ѓоковиќ, како што јави известувачот на Макфакс.

На видеото по 16-та минута.

SHARE