Претседателот на македонско – бугарската комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓорѓиев во интервју за Глас на Америка, вели дека последните изјави на премиерот Заев се негови лични ставови.

Тој порачува политичарите да ја заборават работата на комисијата и да ја остават да работи на страна.

„Присуството на бугарската војска овде не може да се дефинира поинаку, освен како окупација. Така е дефинирана таа акција и во самите документи на бугарската Влада, од април 1941 година. Така е дефинирана таа акција и во западната историографија, а така е дефинирана и во нашата историографија. И тука воопшто не може да стане збор за некаква поинаква формулација, односно окупација на територијата на тогашното кралство Југославија, односно на територијата на Македонија, која влегува тогаш во состав на кралството“, вели Ѓотргев.

Но тој вели дека не може да се каже дека Бугарија била фашистичка емја.

„Јас мислам дека таквата определба и таквата дефиниција на Бугарија, не може да се примени, бидејќи Бугарија во тоа време според своето уредување не е фашистичка земја. Таа е коалиционен партнер на нацистичка Германија, на фашистичка Италија, но самата не е фашистичка земја и дефинирањето на Бугарија како фашистичка земја, мислам дека не е во согласност со историските документи и реалност од тоа време“.

Ѓоргиев вели дека откако дел од членовите на комисијата изразија негодување на последните ставови на премиерот Заев, не може да биде доведено под знак прашање натамошното функјционирање на Комисијата.


SHARE