Ѓорѓи Спасов: Фокус, Либертас, +инфо и Слободен печат се блиски на Мицкоски (ФОТО)

Во текст насловен „Командант Малишева пак одработува за Груевски“ професорот Ѓорѓи Спасов искажува фрапантно тврдење според кое голем дел од највлиајтелните провладините онлајн медиуми се всушност блиски на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во својот текст Спасов кој во времето на Црвенкоски беше министер за правда на СДСМ и амбасадор во Лондон сега тврди дека +Инфо и Слободен печат кои ги води Бранко Героски, Либертас на Ацо Кабранов и Фокус на Јадранка Костова се блиски на Мицкоски затоа што и овие четири ја пренесоа веста за која зборува Спасов во својот текст.

Спасов не дава други аргументи за да го потврди неговиот став кој е спротивен на општиот впечаток дека овие 4 медиуми се блиски на СДСМ.

Целиот текст на Спасов:

На портали блиски до Мицковски се пренесува изјава на осуденик дадена на негов фејсбук во кој тој потврдува дека “тепањето” на Јанакиовски и Спировски во затворот било одмазда кон функцонери на ВМРО ДПМНЕ заради “местенката” што им била направена на осудените терористи од “Диво насеље” кај Куманово.

Така пропагандата за “политички прогон” во Македонија добива на уверливост а Груевски како главен “местач”за Диво насеље аргумент дека некој вистина му се заканувал со убиство во затворот ако тој таму се најде.

Се чини дека Груевски и Мицковски ги имаат вклучено одново платениците од Диво насеље за докажување на нивната теза за “политички прогон” и намери на власта да ги ликвидира и во пропагандата за ширење страв и меѓуетничка омраза.

Красниќи со ваков вид фејсбук пропаганда и закани одработува одново како платеник за нив и треба Фејсбук да го затвори неговиот профил заради ширење на меѓуетничка омраза и поттикнување насилство.

Но прашање е што бараат осудени лица на 40 години во притворско одделение?

SHARE

2 Коментари

Comments are closed.