Ѓорѓиев за пласманот на ЕП: Ова не се мери со ништо друго

Капитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Никола Ѓорѓиев, не го криеше одушевувањето од историскиот пласман на Европско првенство со триумфот од 3:0 вечерва во Скопје.

„Ова е сон. Најубавиот ден во мојот живот по раѓањето на ќерка ми. Ова не се мери со ништо друго: Македонија на Европско првенство!
Имаме три сребра од Европска лига. По поразот од Хрватска ми се уби желбата за одбојка, бидејќи сакавме триумф овде на фајналфорот во Сребрена лига. Но, еве ја сега радоста“, изјави најдобриот македонски одбојкар.

„Верувавме, знаевме дека можеме. Им реков на момците да одиграме најдобро што можеме и успеавме. Дај боже да одат и фудбалерите на Европско, и сите други македонски селекции, да победуваат ракометарите“, додаде првата „виолина“ на националниот одбојкарски тим, петти во екипните спортови во Македонија што ќе настапи на континентален собир по ракометарките, ракометарите, кошаркарите и ватерполистите.

SHARE

Оставете Коментар