Р

Црногорскиот претседател и премиер во неколку наврати, Мило Ѓукановиќ, најави дека ќе ја православната црногорска црква која ќе стане автокефална и признаена.

„Понудивме решение дa постои православна црква која ќе ги собере сите православни верници во Црна Гора. Ако Српската православна црква го одбие тоа, ќе биде црква на српските граѓани во Црна Гора.

Но, ние ќе создадеме црква за Црногорците. Ќе се потрудиме таквата црква да биде автокефална и признаена“, рече Ѓукановиќ на прес-конференција по повод две години од стапувањето на должноста.

Тој ги квалификуваше како циркус протестите на Српската православна црква по повод усвојувањето на Законот за слобода на вероисповед во Црна Гора.

Ѓукановиќ нагласи дека она што било земено од црногорската држава во минатиот век ќе биде вратено назад.

SHARE