„Гладијатори“ среде Скопје, никој не знае кои се

Малолетници организираат „гладијаторски борби“ за пари среде Скопје, но и една седмица по настанот „документиран“ со видео снимка,  никој не знае кои се.

Присуството на „борбите“ меѓу малолетниците што се одржувале на спортското игралиште во скопската населба Капиштец не било бесплатно: за гледање на борбите се наплаќало по 20 денари, а за снимање со мобилен – 300 денари објави „Само прашај“.

Министерот за образование, Арбр Адеми, не знае за организираните борби.

Министерството за внатрешни работи (МВР)  не се произнесе со нови детали за настанот што се случил на 31 јануари.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, за „Слободен печат’, вели дека на скандалозните „борби“ сигурно не учествувале ученици од основното училиште Киро Глигоров во Капиштец, во чија непосредна близина се одвивале борбите.

SHARE