Го елиминираше ли Заев министерот Спасовски од трката за претседател? (ВИДЕО)

Лидерот на опозицијата поставува прашање дали премиерот Заев со својата вчерашна изјава го елиминираше од трката за партиски кандидат за претседател на државата својот најблизок соработник, министерот Оливер Спасовски.

Ако се сфати сериозно изјавата на Заев дека е премлад да биде претседател тој од трката за претседател дефинитивно го елиминира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски но и неговите партиски колеги Радмила Шеќеринска и Никола Димитров.

Мицкоски смета дека хаосот во СДСМ предизвикува панични и непромислени реакции како вчерашната изјава на Заев во која тој во обид да купи време за себе отвори конфликт со тројца од најсериозните кандидати за претседател од редовите на СДСМ.

Премиерот завчера ја отфрли можноста тој сега да се кандидира за претседател. Иако смета дека би бил идеален консензуален кандидат, вели дека е млад за таа функција.

„Јас би бил идеален консензуален кандидат за претседател, гледајќи ги рејтинзите, ама уште сум млад за да се кандидирам“, одговори Заев на новинарско прашање „дали битката за претседател ќе ја водат две дами“? (Силјановска и Шекеринска)2, изјавил Заев.

Пораката за Спасовски е кристално јасна , тој е роден во 1976 година , две години е помлад од Заев и ако премиерот е премлад тогаш Спасовски дефинитивно нема да се кандидира.

Но ако се пресметаат годините и на двајцата други кандидати Шеќеринска и Димитров излегува дека само Стево Пендаровски е доволно стар за да се трка за претседател.

Шеќеринска е само 2 години помлада од Заев, родена е во 1972 година исто како и Димитров што двајцата ги прави млади затоа што дали кандидатот има 44 или 46 години е целосно неважно.

Сосема друга е ситуацијата со Пендаровски кој со своите 56 е 12 години постар од Заев.

Со својата изјава дека идејата две дами да се борат за функцијата шеф на државата му се допаѓа, Заев остава простор за Шеќеринска иако таа со само две години подолго животно искуство не може да се смета за значително постара или поискусна од Заев.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.