Го гледа во очи и лаже, Бугаринот (не)верува – пишува Горан Момироски

За тоа што се обидува да се откаже од Македонците во Бугарија ќе му судат Македонците низ цел свет сега и историјата подоцна.

За тоа што се обидува да не откаже од антифашистичката епопеја која доведе до независна македонска држава ќе му судат и антифашистите и вмровците и Евреите и родољубите.

За тоа што се обидува да ја смени историјата ќе му судат историчарите, жртвите од таа страна на животот но и нивните наследници во Ваташа, Дабница, Скопско, Велешко…..

За тоа што размислува да го продаде јазикот ќе му доаѓаат на сон да го судат Блаже Конески со сите македонски лингвисти, научници, македонисти, слависти… живи и мртви.

Кога е во прашање Заев долга е листата на неговите вербални и формални злосторства како и листата на луѓе и организации кои што сигурно ќе му судат за злоделата што ги прави или што планира да ги направи. Слично како што му судеа на Мусолини пред да го закачат да виси со главата надолу на плоштадот Пјацале Лорето во Милано. Два дена пред самоубиството на Адолф Хитлер кого сега Заев, можеби несвесно, се обидува да го рехабилитира.

За самоубиствените политички аргументи и тези на Заев и националните предавства ќе се збори уште многу. И ќе се работи уште многу.

Овде денеска за еден навидум незначаен дел од интервјуто на Заев со основачот на бугарската агенција БГНЕС Љупчо Нешков во кое се најавува дека македонската влада ќе прифати голем дел од, до вчера, неприфатливите барања на Софија.

Тој дел е најбениген но најдобро објаснува со кого ние но и Бугарите си имаме работа. Баронот Струмхаузен лично и персонално.

Во една од изјавите – одговори на прашања во интервјуто премиерот Заев вели дека ги санкционирал сите што ширеле говор на омраза кон Бугарија а кои се под негови ингеренции и хиерархија како дел од владините институции.

Во овој контекст Заев го спомена претседателот на надзорниот одбор на МИА Зоран Иванов кого владата на експресен предлог на министерот за надворешни работи Бујар Османи го разрешила.

Заев прво излажа дека Иванов бил санкциониран за 30 минути а твитот на првиот човек на Надзорниот одбор на МИА бил објавен најмалку цели 24 часа предходно.

Второ, со изјавата Заев излажа и за друг висок владин претставник кого владата не само што не го санкционираше за говорот на омраза против Бугарија туку напротив го награди со висока позиција во администрацијата само 5 дена откако ги навреди Бугарите.

На 11 ноември владата што ја води Заев објави дека му препорача на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонијапат“ – Скопје да го избере Самка Ибраимовски за в.д. заменик-директор.

Пет дена претходно на 6 ноември Ибраимовски кој е лидер на партија на коалицијата на Заев на Бугарија во контекст на ветото за ЕУ и накратко порача:

“Е*бати комшиите БГ”

Повеќе за статусот на лидерот на ПЦЕР партија партнер на СДСМ на овој линк.

Соработникот на Заев што пцуеше Бугари стана директор на богата државна фирма

Делот од интервјуто каде Заев ја кажува лагата за санкционирање на сите државни функционери кои вршат говор на омраза кон Бугарија.

Тоа што Заев излажа и го скри од бугарскиот новинар Ибраимовски, за нас не е ништо ново но фрапантно е што тој мисли дека Бугарите се слепи и и глуви, не гледаат кога лаже и не ги читаат македонските медиуми каде беше објавен говорот на омраза на лидерот на ПЦЕР.

Како што веројатно мисли дека ако не го смени Ибраимовски никој нема да ја види лагата, во Скопје, во Софија и потака.

SHARE