Бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Бојко Борисов го поканија рускиот претседател Владимир Путин да ја посети Бугарија, изјави за БТВ заменик-премиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева.

„Има покана до Владимир Путин да дојде во Бугарија“ соопшти  Захариева ден по почетокот на посетата на Путин на Србија, каде што најави дека гасоводот „Турски поток“ може да помине низ Бугарија.

„Бугарија прави сé што е можно втората делница од турскипоток’ да поминува низ Бугарија, мислам дека има многу добри шанси тоа да се случи“”, рече Захариева, пренесува БГНЕС.

SHARE