Го обвинија Павле Богоевски дека ја утнал работата со имунитетот на Вељаноски

Координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Аљими, го обвини претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски, дека ја прекинал синоќешната седница на која се расправаше за пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски.

„Зошто предвреме се прекина работата на мандантно-имунитетната комисија синоќа?

Синоќа околу 19 часот, по дводневната работа во Комисијата за судското барање да се одземе имунитетот на пратеникот Вељановски, на пратеникот Агим Шаќири му се слоши и заврши во Клинички центар во Скопје. Доктор му препиша терапија и му нареди да остане во болница вечерта, каде што го посетивме вчера и утринава. Соочувајќи се со оваа ситуација, околу 21 часот кога требаше да продолжи седницата по паузата. Ја побаравме заменичката на Агим, пратеничката Мирсада Емини Асани од Гостивар за да го замени Агим.

Испративме возач да ја земе нашата пратеничка и да ја донесе, но околу 21,30 часот, неочекувано и не според договореното, комисијата прекина со работа и ја стави одлуката на гласање без да ја почека нашата пратеничка која што ќе пристигнеше околу 22,30 часот, додека рокот истекуваше на полноќ Претходно бевме договорени да ја завршиме седницата во 23 часот кога и требаше да се гласа по одлуката“, напиша Аљњими на фејсбук.

SHARE