Го оградуваат судот пред утрешната пресуда за Груевски!?

Иако нема најави за протести, попладнево пред Основниот суд 1 се поставува метална ограда, а дел од медиумите јавуваат дека тоа најверојатно е поради утрешното рочиште заслучајот „тенк“, на кое се очекува да му биде изречена пресуда на екс премиерот Никола Груевски.

Денеска Основниот суд Скопје 1 донесе пресуда за случајот „Триста“ на СЈО, со која обвинетиот Ѓоко Поповски доби 9 години затвор.

Вчера пресуда имаше за случајот поткуп „Поткуп“, со која премиерот Зоран Заев беше ослободен од обвинението за барање поткуп од струмички бизнисмен.