Го урива ли Заев Филипче, со деца заразени од ковид не отишол во изолација (ВИДЕО)

Премиерот Заев на вчерашното интервју на Телма признава дека двете деца и најголем дел од неговата фамилија вклучително и брат му Вице Заев биле заразени од Ковид19.

Со оглед на тоа што тој е во постојана комуникација со своето семејство Заев со својата изјава ја отвара дилемата дали премиерот го прекршил законот со тоа што морал да биде во изолација а не отишол во карантин.

Доколку се потврди дека бил во контакт макар со само со еден заболен од Ковид19 од неговото семејство а не отишол во изолација премиерот ги прекршил протоколите на комисијата за заразни болести и со тоа го понижи министерот за здравство Венко Филипче кој постојано апелира граѓаните да бидат дисциплинирани и да ги почитуваат протоколите според кои тие што биле во контакт со заразен мораат да одат во 14 дневен карантин.

Во тој случај одговорност мора да има и за здравствените работници кои го правеле скринингот на заболените од семејството на Заев кому не му наредиле изолација, освен ако заболените скриле дека биле во контакт со премиерот.

Интервјуто на следниот линк

https://www.facebook.com/TVTelma/videos/818506038715751/