Го уриваат „парапетчето“ во Охрид (ВИДЕО)

По бурните реакции во јавноста – итна акција на Општина Охрид за отстранување на нелегално изградениот ѕид во авто – кампот „Градиште“.

„Градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршија увид по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.

Согласно тоа, денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид“, објави на Фејсбук градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

SHARE