Директорот на болницата „8-ми септември“ , Христијан Костов, со денови не се појавувал на работа, дознава Алфа.

Вработени тврдат дека најмалку десетина  дена не дошол на своето работно место, а образолжението кое го добивале, било дека постојано бил на состаноци со кризниот штаб.

Како што дознава Алфа од свои извори, шест здравствени работници од болницата се заразени со коронавирус, а 30 се во самоизолација, поради што се појавил недостиг од медицински персонал.

И министерот за здравство, Венко Филипче за Алфа ја потврди информацијата.

„Во ГОБ 8- ми Септември вкупниот број на позитивни на вирусот ковид-19 се шест медицински работници, четири сестри и двајца болничари, десет се во самоизолација”, кажа Филипче.

SHARE