Кирил Алексиев, вршител на должноста директор на Регионалниот историски музеј во Благоевград, смета дека револуционерот Гоце Делчев е и бугарски, и македонски национален херој.

„Тој обид за делење на Гоце Делчев – дали е Бугарин, дали е Македонец, всушност, е многу погрешен. Тој е и бугарски, и македонски национален херој, зошто на крајот на краиштата тој се борел за автономијата на Македонија и на луѓето што живееле таму“, изјави Алексиев во интервју за бугарското Радио Фокус по повод 148-годишнината од раѓањето на апостолот на македонската револуционерна борба.

Историчарот, сепак, во однос на етничката припадност на Делчев нагласува дека „и тогаш меѓу Македонец и Бугарин има знак на равенство“.

„Гоце Делчев јасно ја определил својата етничка припадност. Во пракса, целиот живот му е поврзан со Бугарија. Тие кажуваат дека Гоце зборувал за независна Македонија, но тоа е многу неточно. Тоа за кое што се борел Гоце Делчев била автономна Македонија“, објаснува Алексиев, додавајќи дека автономијата требало да биде само етапа до присоединувањето на Македонија кон „својата татковина Бугарија“.

SHARE