Гоце Делчев пак пред македонско-бугарската комисија


Заедничката комисија меѓу Македонија и Бугарија на деветтата средба што ќе се одржи денеска и утре во Софија ќе дискутираат за Средниот век, Османлиската империја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев, јавува МИА.

Денеска е предвидено да продолжи со дискусијата за учебниците по историја за седмо одделение според македонскиот образовен систем и шести клас според бугарскиот образовен систем, односно историјата на средниот век и Османлиската империја.

На вториот ден од средбата предвидено е членовите на комисијата да дискутираат за евентуално заедничко чествување на Гоце Делчев.