Годинава компаниите со најмал приход


Рекордно најмалиот приход кој ќе го оствари приватниот сектор ќе резултира и со исто така намалени приходи во државната каса по основ на даноци.

Годинава за компаниите е една од најлошите, се жали бизнис заедницата.

Главен проблем во 2019 – та година за стопанството бил одржувањето на ликвидноста.

Бизнисмените се жалат дека за повеќедецениската мака на стопанството, сивата економија и натаму нема лек, пренесува Алсат.

“„За компаниите можеби ова е и најлошата година во која прикажале дека имаат најмали добивки. За сивата економија со која што конзистентно апелираме дека треба да се бориме сите чинители во општеството, главната улога ја има УЈП. И секако доследна примена на Законот за нерегистрирана дејност – рече Данела Арсовска, претседателка на Сојуз на стопански комори.

SHARE