Голот на Манасков што ја „запали“ Македонија, а го фрли во очај Исланд (ВИДЕО)

Дејан Манасков ѝ го донесе на ракометна Македонија само четвртиот триумф, покрај деветте порази, во меѓусебните дуели со Исланд, но и прва победа на гостински терен против „рибарите“ за голем исчекор кон Европско првенство 2020.

Македонското лево крило ја презеде одговорноста четири секунди пред крајот да го изведе седмерецот за победа, кој во првиот обид го одбрани голманот Густавсон, но одбиената топка Манасков ја смести зад неговиот грб за огромна радост на гостинските ракометари.

Токму Манасков со осум гола беше најефикасен ракометар во победничката репрезентација, која со уште една победа над Исланѓаните в недела во Скопје, практично, ќе го завери пласманот на ЕП.

SHARE

Оставете Коментар